Данило Брестовац: Имавме очајна реализација

09.11.2018 01:04
_DSC0011_resize

На прес-конференцијата по натпреварот Металург – Спортинг Лисабон, своите коментари ги дадоа тренерите на двата тима и одбраните играчи. Гостите беа задоволни од постигнатото, додека претставниците на Металург разочарани од оствареното.

.

_DSC0016_resize_resizeХуго Монтеиро: “Би сакал да му честитам на Металург, се работи за еден храбар тим кој играше два тешки меча во неполни 24 часа. Тоа е херојски, младите ракометари дадоа голем отпор и покажаа голема борба. Честитки и за тренерот Брестовац за се што прави со овој тим. Што се однесува до мечот, почнавме лошо, промашувавме шутеви од шест метри. Имавме проблеми во одбраната. Но, потоа дојде до израз подобрата физичка подготвеност, ние се подобривме и го свртвиме натпреварот во наша полза. Нашата одбрана во вториот дел беше многу подобра и затоа дојдовме до успех“.

_DSC0017_resize_resizeМатјаж Скок: “Оваа екипа на Металург заслужува целосен респект. За неполни 24 часа одиграа два меча на високо ниво. Тоа мора да се почитува, особено што се работи за млада и борбена екипа. Го покажаа тоа на теренот. Ние, иако победивме, треба да се замислиме. Металург ги нема условите што ги имаме ние во Спортинг. Но, на сите им покажаа како се бори за својот клуб и само така овој тим може да оди нагоре и верувам дека од меч во меч ќе игра се подобро“.

_DSC0019_resize_resizeДанило Брестовац: “Спортинг нè не надигра. Ние добро се подготвивме за нив. За мене, Спортинг има една од најубавите игри во нашата група во Лигата нашампионите. Покрај Силкеборг, Спортинг игра најубав ракомет и задоволство ми е кога играме против овој тим. Кај нас денеска проблемот беше во реализацијата. Ниското ниво на агресивност во одбраната исто така имаше свое влијание на конечниот епилог. Млада екипа сме, но мораме да бидеме агресивни. Имаше моменти кога добро делувавме на теренот, но на крајот пресуди реализацијата која беше на очајно ниво, особено во второто полувреме. Ако барам причина за лошата реализација тогаш би можел да ја најдам во играњето на трет натпревар во период од само пет дена. За следниот натпревар имаме девет дена за подготовки и со тренинзите почнуваме веќе од утре. Ќе имаме доволно време да се подготвиме, но ќе мораме да ги отстраниме проблемите. Имаме убава игра, но треба да продолжиме. Треба да ги уиграме и новите момци. Сепак, имаме многу дупки, но и доволно време за да ги пополниме“.

_DSC0020_resize_resizeМартин Томовски: “Противникот одигра на едно високо ниво. Ние отворивме одлично, имавме и предност во првото полувреме, но во вториот дел, кога тоа беше најпотребно, промашувавме чисти зицери. Исто така, одличен ден имаше и противничкиот голман Скок. Спортинг ги искористи нашите слабости во клучните моменти и го доби натпреварот. Разликата можеби е висока, но резултатот не ги отсликува настаните на теренот и нашата игра“.

Фото:

Прочитано 100 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 + = 12