Данило Брестовац: Ја сакав Војводина со најсилниот состав, вака мечот се претвори во тренинг

13.03.2019 01:37
_DSC005_resize_resize

По средбата меѓу екипите на Металург и на Војводина се одржа редовната прес-конференција на која натпреварот го коментираа тренерите на двете екипи и избраните ракометари.

.

Данило Брестовац: “Не би сакал да навлегувам во некоја анализа на натпреварот. Јас сакав Војводина да дојде со својот најсилен состав, а не да имаме посилен тренинг. Моите момци одиграа коректно и квалитетно, а ме радува што се врати и Шпенде, со кого тимот има поинаков изглед. Можевме да видиме и некои од нашите помладите ракометари и да го оцениме нивниот напредок. Младеновиќ и Серафимов добро се покажаа, напредуваат добро, на нив е да работат уште подобро и посилно, па резултатите нема да изостанат. Мислам дека имаме добра перспектива, а и Војводина исто така. Видовме дека овие млади играчи имаат што да понудат, можеби денеска им фалеше малку повеќе агресивност. Тоа е тоа, одиме понатаму и се фокусираме на домашното првенство“.

Мартин Серафимов: “Овој тренинг-натпревар е можеби добар, но можеби е и лош за нас, но барем ние помладите добивме нешто поголема минутажа. Добро ќе ни служи за подготовките за плејофот  кои ќе почнат веќе в понеделник. Се надевам на добро домашно првенство и дека и следната година ќе играме во СЕХА-лигата“.

Драган Кукиќ:Заслужена победа на Металург. Во Скопје дојдовме со подмладена екипа, па овој резултат можеби е и очекуван. Сепак, ова беше премногу голем предизвик за моите играчи, но ова е исто така и големо искуство за нив. Ние сме задоволни со оваа сезона во СЕХА-лигата, без разлика на овој резултат“.

Ален Овчина:Се чувствувам лошо, бидејќи нашите млади ракометари не успеаја да докажат на што се способни. Тие очигледно треба да изодат уште долг пат. Како и да е, сега е време да се фокусираме на нашите национални предизвици, на шампионатот и на Купот“.

 

Фото:

Прочитано 455 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 6