Данило Брестовац: Јагањац беше нашиот лидер во победата над Татран Прешов

21.10.2018 01:48
_DSC0145_resize

По средбата со Татран се одржа редовната прес-конференција.

.

Данило Брестовац: “Честитки до Татран за фер и коректната игра. Знаевме дека Татран има проблеми со ротација. Се обидувавме да играме поагресивно и ја искористиме нивната кратка ротација. Но, денеска не би сакал да правам подлабока анализа. Честитки до сите ракометари, како и до Јагањац, кој беше наш лидер на овој меч. Очекувам тој да стане еден од најдобрите на светот. Ми претставува особена чест и задоволство да му бидам тренер во овие 2-3 месеци. Резултатите не се мерило за успехот. Ние работиме добро и се наоѓаме на вистинскиот пат. Во овој процес на создавање на играчи, би било добро да фатиме резултатски континуитет. На местото на Халил доаѓа нов играч, ќе треба повторно да се прилагодуваме, но имаме време. Важно е младите играчи да имаат повеќе доверба во себе. Порано ни фалеше агресивност, денес ја имавме во нормални граници. Беше подобро од минатите натпревари. Напредуваме по секој тренинг, по секој натпревар. Сепак, за врвни резултати треба трпение“.

Халил Јагањац: “Овој натпревар во дресот на Металург беше многу емотивен за мене. Покажавме дека сме млад тим, но кога сè ќе се направи како што треба – тогаш може да се игра против секого. Македонија има светла иднина во поглед на младите ракометари. Би им се заблагодарил на управата, како и на сите играчи и тренери со кои соработував во овој период во Металург. На секој натпревар дадов сè од себе, за да се одолжам за довербата. Жал ми е што си заминува, но и задоволен сум што ќе си одам со победа. Од првиот ден во Скопје ми е преубаво и не можам да издвојам ништо. Од првиот ден бев прифатен како да сум дома. Се прилагодив брзо и имав одлична соработка. Секој ден што го поминав овде беше уживање“.

Славко Голужа: “Му честитам на Металург на играта. Ни отчитаа лекција за борбеност, за сериозност, за дисциплина. Кога видов како во 58. минута се фрлаат за топката, мене ми се исполни срцето. Немавме ростер за овој натпревар. На пример Лапајне, во кого гледавме лидер, тргна сам да игра натпревар. Правевме технички грешки, губевме топки. Мислам дека еден ракометар кој созрева, не е добро да биде така неодговорен и недисциплиниран. Тука се и Буторац и Бабиќ, тие се странци, не смеат така да играат. Aко имав друг ростер, тие немаше да играат во второто полувреме во Скопје. Имаме повредени играчи, млади играчи, од втората екипа. Дојдовме во Скопје без три до четири играчи, но, тоа не е алиби. Домаќинот нè надигра во сите сегменти. Имавме разговор по мечот и им кажав дека сите треба да се замислат. По враќањето во Прешов ќе зборуваме повеќе на оваа тема, затоа што дресот на Татран не смее да се носи на ваков начин“.

Мартин Страновски: “Како што кажа тренерот, одигравме лош натпревар. Почнавме да играме ракомет дури во 58. минута. Беше доцна за било што да направиме. Секоја чест за Металург, а ние со ваква екипа моравме да покажеме подобра игра“.

Фото:

Прочитано 247 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 5 =