Данило Брестовац: Комплетни сме и очекувам победа против Бешикташ

21.09.2018 15:33
_DSC0014_resize

Денеска Металург одржа редовна прес-конференција пред средбата од второто коло на Лигата на шампионите, против Бешикташ. Своите видувања за претстојниот натпревар ги изнесоа тренерот на Металург Данило Брестовац и десниот бек на Металург Мартин Велковски.

.

Данило Брестовац: “Среќен сум што конечно тренираме во комплетен состав. Од денеска ќе работиме повеќе и на тактички план. Нашите очекувања од оваа средба се да се обидеме да победиме и да покажеме добар натпревар, но не само во првите 30 минути туку да играме во полн ритам во сите 60 минути. Сега имаме и ротација и ќе можеме дел од играчите да ги одмораме и да бидеме посвежи во моментите кога ќе се ‘крши’ резултатот. Анализите покажаа дека падот на претходните средби бил поради недоволната ротација. Имаме ситни повреди, но тие нема да бидат проблем, бидејќи се редовна појава во ракометот. Со помош на публиката, со умна игра во напад и со трпелива игра, можеме да направиме добар резултат“.

Мартин Велковски: “Во Лигата на шампионите нема лесен дуел, бидејќи е на едно ниво погоре од СЕХА-лигата. Бешикташ е искусен тим во кој играчите подолго време играат заедно. Но, видовме и дека Татран Прешов ги победи во Турција. Сме играле со нив неколку пати, тоа секогаш беа тесни натпревари, а сега се надевам дека ќе победиме, или ако ништо друго ќе освоиме барем еден бод“.

Фото:

Прочитано 285 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 4 = 8