Данило Брестовац: Ме нервира тоа што повторно не се придржувавме до договореното

27.02.2019 19:57
3917_1551292233_resize

По средбата меѓу екипите на Железничар и на Металург, во Ниш се одржа редовната прес-конференција на која тренерите и одбраните ракометари имаа можност да ги дадат своите коментари.

.

Данило Брестовац: “Најважно е што минавме без повреди, а што се однесува на средбата – ме нервира што моите ракометари повторно не се придржуваа до договорената тактика. На моменти беа недисциплинирани, што може да ни биде проблем во првенството на Македонија, кое не очекува наскоро. Не реализиравме многу шанси, изгубивме многу топки, и морам да кажам дека нашите пикери денеска одиграа уште еден лош натпревар“.

Лука Стојановиќ: “Денеска не реализиравме од многу изгледни ситуации, но, сепак, треба да бидеме задоволни – бидејќи тие изгледни ситуации ги создававме. Сметам дека во иднина, кога ќе дојдат навистина важните натпревари, ќе бидеме поприсебни и ќе ги реализираме своите шанси“.

Веселин Вујовиќ: “Металург денеска покажа потенцијал и борбен дух, но, според мене, му пресуди неговото неискуство. Ние, пак, не бевме целосно сконцентрирани, што не ми се допаѓа, особено пред натпреварите во домашното првенство. Добро е што Металург оваа сезона го совладавме на двете средби, но и на двете тој резултатски беше многу блиску“.

Немања Миловановиќ: “Тежок натпревар и јас сум среќен што победивме ние. Сметам дека средбата можевме да ја решиме и порано, но направивме доста грешки во решавачките моменти. Сепак, среќен сум што освоивме три бода“.

Прочитано 300 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


3 + 1 =