Данило Брестовац: На моменти ракометарите на Војводина беа премногу груби

29.11.2018 23:30
_DSC0079_resize

По натпреварот Војводина – Металург, се одржа редовната прес-конференција на која своите коментари ги дадоа тренерите на двата клуба и одбраните ракометари.

.

Данило Брестовац:Верувам дека натпреварот во некои моменти беше премногу груб. Според моето мислење,  противниците играа премногу агресивно. Честитки за Војводина за денешната победа, но, повторувам, верувам дека тие беа премногу агресивни, во обидот да го компензираат фактот дека не можеа да сметаат на пет повредени играчи“.

(Да потсетиме, на оваа средба го загубивме Јагуриноски, кому му беше скината аркадата, а нашиот Миха Пучник доби силен удар кој му го раскрвави носот).

Александар Шпенде: Војводина денеска беше доста агресивна во одбраната и ние не можевме да одговориме на тоа. Ние постигнавме 30 гола, но на крајот сепак загубивме. Чувствувам дека треба да поработиме и на офанзивниот и на дефанзивниот дел од нашата игра“.

Борис Роевиќ:Не се согласувам со мојот колега. Имам впечаток дека во првите 20 минути како да не бевме на теренот, нашата одбрана не постоеше. Во останатиот дел од средбата игравме агресивно во одбраната, но не мислам дека тоа беше претерано. Исто така, верувам дека и Металург можел да победи на овој натпревар, бидејќи резултатот беше доста тесен и таквите натпревари често се решаваат со една или две успешни акции. Ние покажавме поголема желба за победа и јас сум среќен што нашите млади играчи успеаа да го преокренат резултатот во второто полувреме, со што покажаа што тие му значат на својот тим“.

Милош Грозданиќ: “Лошо го започнавме натпреварот, но се разбудивме по 20 минути од средбата. Во моментов ние не сме во идеална ситуација, бидејќи имаме пет повредени играчи. Сепак, денеска дадовме се од себе и според моето мислење игравме над нашите реални можности. Во второто полувреме покажавме дека можеме да се носиме со тимовите од Лигата на шампионите“.

Прочитано 165 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 3