Данило Брестовац: На натпреварот против Татран видов и многу позитивни елементи

30.09.2018 21:11
_DSC0242_resize

По натпреварот од третото коло на Лигата на шампионите, против екипата на Татран Прешов, се одржа редовна прес-конференција на која своите видувања ги кажаа тренерите на двата тима, како и одбраните ракометари.

.

Данило Брестовац: “Честитки за екипата на Татран. Се подготвувавме за овој дуел, знаевме што нè чека. Денеска игравме против една цврста и добра екипа со голема ротација. Јас мислам дека можеме да се надигруваме со Татран. Мислам дека пруживме еден коректен натпревар во рамките на нашите можности. Ме радува што Велковски се враќа во форма, а другите беа коректни. На левата страна ми недостига ротација за да ги одмораме Халил и Марио. На оваа средба имаше добри, но и лоши моменти. Натпреварот го почнавме лошо, со скандалозни 0:4, и бркавме резултат. Сепак, мислам дека одигравме еден коректен натпревар. Не сум разочаран, можеме да извлечеме некои позитивни елементи. Ако успееме да ја надоградиме играта во следните мечеви, може да се израдуваме на победа во некој од следните средби во Лигата на шампионите“.

Димитар Димитриоски: “Во првиот дел стартувавме со лоши 0-4, но потоа заигравме подобро. Кон средината на вториот дел заигравме лошо, промашивме неколку зицери и мислам дека заедно со неискуството тие се причините за овој пораз. Млади сме, во иднина имаме шанса да се надоградиме и да постигнеме подобри резултати“.

Славко Голужа: “Сакам да им честитам на моите играчи за победата, но и на домаќинот за фер и за коректната борба, Дојдовме со респект. Го почитувам и Брестовац и неговиот тим. Во првото полувреме имавме многу грешки, имавме бавна реакција и не можевме да се одвоиме. Противникот беше добар. Во вториот дел тоа ни појде од рака. Имавме брз проток на топката, се одвоивме и заслужено победивме. На Металург сакам да му посакам многу среќа во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите“.

Анте Бабиќ: “Го добивме овој натпревар во вториот дел, кога во двата правци одигравме како што знаеме и умееме, па тоа ни донесе лесни голови и на крајот победа. Знаевме дека не чека тежок меч против една млада екипа која се бори, но ете – победивме“.

Фото:

Прочитано 234 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 4 =