Данило Брестовац: На средбата со Стеауа, шансите на двете екипи се еднакви

05.11.2018 16:44
_DSC0105_resize

Металург денеска одржа прес-конференција, пред средбата од осмото коло на СЕХА-лигата против екипата на Стеауа Букурешт. Своите коментари ги дадоа тренерот на Металург Данило Брестовац и Филип Арсеновски во името на играчите.

.

Имам ретка можност да подготвувам два натпревари еден по друг. Во својата кратка кариера како тренер, но и како играч, не сум имал вакво искуство. Прво ќе треба да го анализираме последниот натпревар. Не знам со каков тим ќе дојде екипата на Стеауа, бидејќи има најава за доаѓање на вториот тим. Овој натпревар ќе ни послужи за искуство на младите играчи. Ако дојдат во најсилен состав тоа ќе биде добар натпревар за нас. Шансите се 50-50 и, ако одиграме на високо ниво, би требало да ја продолжиме серијата на победи. Сигурен сум дека ќе се подготвиме добро. Ќе видиме каков ќе биде противникот и со каква екипа ќе ни се спротистави. Сигурен сум дека ќе дадеме максимум, иако повторно велам дека шансите се 50-50“, рече Данило Брестовац.

Ретка можност во пет дена да играме дури три меча, два во Лигата на шампионите и еден во СЕХА-лигата. Се подготвуваме добро, помогнати од новите засилувања кои се вклопија во системот што го наметнува тренерот. Одиме чекор по чекор и се надеваме на победа“, вели Арсеновски.

Натпреварот меѓу Металург и Стеауа Букурешт се игра в среда во ВИП Арената СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 17.15 часот.

Прочитано 193 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − 6 =