Данило Брестовац: Не ми се допадна тоа што го видов денеска

03.02.2019 00:47
_DSC0076_resize_resize

По средбата меѓу Металург и Загреб, се одржа редовната прес-конференција на која своите видувања ги дадоа тренерите на двете екипи и одбраните ракометари. Двајцата тренери беа согласни дека Загреб заслужено ги освои бодовите, а кај нашиот тренер Данило Брестовац преовладуваше горчина од неубедливата игра на неговите ракометари и нивното недоволно залагање на денешната средба.

.

Данило Брестовац: “Загреб заслужено  дојде до победа. Не ми се допадна тоа што го видов од играчите. Имавме слаба агресивност и подвижност. Малку трчавме и не се враќавме. Имавме водство од 8:6, но кога влеговме во ротација со “репрезентативците“ – тие како се уште да се на одмор. Имавме и многу технички грешки. Место да влеземе во вториот дел со егал резултат, ние на одмор заминавме со минус пет. Имаме доста повредени играчи и тешко го одигравме второто полувреме. Во моментов СЕХА-лигата не ни е приоритет и овие бодови немаше ништо да ни значат. Во Франција со добри противници игравме многу подобро и поразновидно. Денеска како да бевме отсутни и неконцентрирани. Ќе се обидеме да ги корегираме работите до следниот натпревар. Имаме пауза од скоро три седмици до следниот натпревар и ќе се обидеме да одиграме неколку контролни средби со некои наши екипи. Загреб денеска беше многу подобар од нас“.

Бојан Маџовски: “Имавме одличен почеток на овој натпревар, онаков каков што можевме да посакуваме. Наметнавме брз ритам и имавме водство. Но, лошиот финиш на првиот дел и катастрофалното второ полувреме ни го донесе овој резултат кој не е реален за нас како екипа”.

Сосема поинаку на оваа прес-конференција беа расположени гостите, кои изразија задоволство од победата и од освоените бодови.

Бранко Тамше: “Металург покажа добра борба. Тие играа растоварено, а ние влеговме како фаворити и победата ни беше потребна. Се работи за млад и полетен тим, кој веќе се фокусира на настапите во домашната лига. Му посакувам се најдобро на Металург до крајот на сезоната. Ние на почетокот во мечот влеговме млако, што не ми се допадна. Сакам Загреб што трча и што игра. Бевме во грч 20 до 25 минути, но од другото сум задоволен. Имаме грешки што треба да ги поправаме. Им дадовме шанса на сите играчи, освен Бичаниќ, кој има повреда и кого овде го имавме само ако затреба. За среќа, играчите беа одговорни и одиграа онака како што сакавме“.

Јосип Векиќ: “Во првите десет минути влеговме лошо, но потоа го подигнавме квалитетот на одбраната и успеавме да создадеме разлика со која го диктиравме темпо. Среќни сме со новите бодови“.

.

Фото:

Прочитано 713 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − = 3