Данило Брестовац: Не сум задоволен, играчите мораат да докажат дека заслужуваат место во тимот

06.03.2019 20:38
DSC0148_resize1

По средбата меѓу екипите на Татран Прешов и на Металург, се одржа прес-конференција на која средбата ја коментираа двајцата тренери. Додека Славко Голужа покажа дека е задоволен од остварената победа, нашиот тренер Данило Брестовац изрази незадоволство и разочарување од изданието на својот тим.

.

Данило Брестовац:Не сум задоволен ниту од нападот ниту од одбрана. Не можеме да играме вака. Свесен сум дека имаме млад тим, но ова е неприфатливо за тим што се натпреварува во СЕХА-лигата и во Лигата на шампионите. Овие млади ракометари мораат да докажат дека заслужуваат да играат во овие лиги. Ништо не е однапред дадено, морате да се борите за својата шанса. Се разбира, честитки до Татран за оваа победа“.

Даниел Дупјачанец:Денеска се соочивме со квалитетен тим кој на крајот ја заслужи победата. Првото полувреме беше добро, но на почетокот на вториот дел пропуштивме неколку изгледни шанси, дури и кога имавме вишок од двајца ракометари, и мислам дека оваа низа ја однесе математиката во за нас погрешна насока“.

Славко Голужа:Се согласувам со мојот колега – играчите мораат да го заработат правото да се натпреваруваат и да го носат дресот на својот тим. Тоа е нешто што го работам и со моите играчи. Тие мораат да бидат одговорни. Денеска немавме поголем притисок, но сакавме да оствариме добар резултат пред нашите навивачи во овој наш последен домашен меч во сезоната и мислам дека денеска видоа добар ракометен натпревар“.

Роман Чарапкин:Почетокот не беше лесен за нас. Бевме во можност да создаваме шанси, но сепак ни требаше извесно време за да тргнеме во вистинскиот правец. Второ, не е лесно договореното на тренинг да го пренесеш на натпреварот, како што не е лесно и да бидеш најдобар кога ќе излезеш на терен. Но, ние мораме постојано да се подобруваме“.

Прочитано 313 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 1 =