Данило Брестовац: Очекувам добар натпревар, Металург е гладен за победи

02.11.2018 14:34
MJI_3255_resize

Металург денеска одржа прес-конференција, по повод неделниот натпревар во Лигата на шампионите, против екипата на Чеховски Медведи. Своите видувања ги изложи тренерот на Металург Данило Брестовац.

Очекувам добар натпревар, бидејќи ние сме гладни за победи и тренираме напорно. Чеховски Медведи е квалитетен противник, екипа која физички е посилна од нас. Се обидуваме преку анализи да ги најдеме нивните слаби страни и да ги надиграме. Се надевам дека публиката ќе ни даде поддршка и дека ќе се појави во поголем број. Се создава еден нов Металург, а ги направивме првите чекори за враќањето на оној стар Металург. Сакаме да одиме во нагорна линија и в недела да покажеме подобро лице. Паузата ја искористивме за да се консолидиравме. Сега сме комплетни и личиме на екипа. Имаме повеќе можности во одбрана и во напад, имаме поголема ротација. Можеби го загубивме Јагањац, но доведовме тројца квалитетни ракометари. Направивме добра работа, особено што се работи за тежок период во кој тешко може да се најдат квалитетни играчи. Благодарност на сите во клубот, кои го дадоа максимум да ни овозможат да ги реализираме трите трансфери во еден краток период. Се надевам дека играчите брзо ќе се вклопат и со индивидуалните квалитети ќе донесат квалитет за Металург. Сакаме и останатите македонски играчи кои се млади да профитираат од поискусните засилувања и се надевам дека играта ќе се подигне на повисоко ниво“, рече Брестовац.

Средбата со Чеховски Медведи се игра в недела, со почеток во 17 часот, во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“. Влезот за овој натпревар е слободен за сите заинтересирани и ги повикуваме нашите навивачи да дојдат во што поголем број и да ни помогнат да ја извојуваме нашата прва победа во Лигата на шампионите во тековната сезона.

Прочитано 149 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 0