Данило Брестовац: Очекувам добра борба и позитивен резултат

07.12.2018 15:25
MJI_6123_resize

Металург денеска одржа прес-конференција, по повод неделната средба со Мешков Брест, во рамките на 11. коло на СЕХА-лигата. Овој пат пресот го одржавме во салата “Јане Сандански“, каде в недела ќе се одигра споменатиот натпревар.

Со своите коментари пред новинарите излегоа шефот на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац и Димитар Димитриоски, кој зборуваше во името на нашите ракометари.

.

Данило Брестовац: “Очекувам добра игра и позитивен резултат. Сметам дека сето тоа што го работиме ќе продолжи во една нагорна линија, во нападот и во одбраната. Сепак, прво треба да видиме со кој состав ќе дојде Мешков, а јас сум убеден дека нема да дојдат со оној најслабиот, со кој одиграа доста средби, туку ќе дојдат засилени. Ние утрово го анализиравме мечот со Вардар, а попладне ќе ја почнеме подготовката за Мешков, кога и ќе знаеме со кој тим доаѓаат во Скопје. Имаме згуснат распоред и кај одредени играчи се почувствува замор, но јас очекувам дека со добра игра ќе стигнеме до победа, па макар и со еден гол разлика. Посакувам малку и ние да се израдуваме. Знаеме за каков тим се работи, знаеме дека се добра екипа, која има резултатска криза, но и дека се клуб со огромен буџер, со многу вложувања, со одлишен стручен штаб и со играчки погон од 26-27 врвни играчи, кои се добро платени. Ние ќе мораме да одиграме добро и тимски во сите 60 минути, затоа што нам не ни помагаат еден или двајца поединци, кои би одиграле на високо ниво. Ни требаат многу повеќе играчи да бидат на тоа високо ниво, односно сите да одиграат добро и тимски. Ќе мораме да го дадеме најдоброто во нападот и во одбраната. Да не речам треба да бидеме совршени, но овој тим е концепиран и направен за тимски да го извади мечот до крај“.

Димитар Димитриоски: “Ова е нашиот последен натпревар пред домашната публика за оваа година. Кај нас се чувствува замор поради згуснатиот распоред, ама наше е да дадеме сè од себе. Знаеме со какви играчи располага Мешков, но мислам дека ќе можеме да се израдуваме на победа“.

Фото:

Прочитано 245 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 13