Данило Брестовац: Очекувам триумф против Војводина

11.03.2019 15:28
53382589_985001971693810_2880132844527550464_n_resize

В пресрет на натпреварот од последното коло на СЕХА-лигата, на кој утре противник ќе ни биде екипата на Војводина, денеска Металург одржа прес-конференција на која претстојната средба ја коментираа тренерот Данило Брестовац и ракометарот Марио Танкоски.

.

Данило Брестовац: “Утре ни претстои последниот натпревар во СЕХА-лигата на кој очекувам победа и тоа победа со повисока разлика. Тоа јасно им го кажав и на играчите. Позитивна вест е тоа што Александар Шпенде од петокот почна да тренира со полн интензитет. Досега имавме проблем со ротација, но со Шпенде екипата добива една сосема друга димензија. Ако се сеќавате, во Нови Сад на мечот со Војводин бевме брутално претепани. Дури и нивниот тренер, во еден момент, кога водевме со 6-7 разлика, викна тајмаут и повика да не тепаат. Искрено, се надевам дека ќе дојдат во полн состав. Како што играа таму со сите сили, сега нека биде така и овде. Ние сакаме да им се реваншираме, но на спортски план, не со тепање, и да видиме кој тим во моменнтот е поквалитетен. Мислам дека и мојата екипата се прилагоди и се врати во нормала, по поразот во Прешов“.

Марио Танкоски: “Утре го играме последниот натпревар во СЕХА-лигата за оваа сезона и тој за нас ќе биде добра увертира за претстојното македонско првенство. Од почетокот на оваа полусезона играме се подобро и подобро, како што рече и мојот тренер, и затоа мислам дека утре треба да победиме и тоа да ни биде мотив за понатаму во сезоната. Некои од нас играа и лани, но ја немавме таа улога што ја имаме сега. Еве за мене лично, сезонава имав многу поголема одговорност. Ни беше тешко со заминувањата на Кузмановски, Јагањац, и на Керими. Имаше некои натпревари кои требаше да ги победиме, но не успеавме поради овие наши проблеми. Ако ги искористивме своите шанси, сега ќе бевме можеби шести, а не деветти на табелата“.

Прочитано 240 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 + = 12