Данило Брестовац: Од ракометарите ќе барам континуитет во добра и борбена игра

27.02.2019 12:44
MJI_2457_resize_resize

Металург денеска во Ниш, со почеток во 17 часот, го игра натпреварот од 15. коло на СЕХА-лигата, а наш противник ќе биде екипата на Железничар од Ниш.

И во овој меч од ракометарите ќе барам континуитет во добра и борбена игра и дополнително кревање на нивото на игра во сите сегменти. Во пресрет на мечот одработивме два тематски тренинга за да создадеме противигра на тоа што го игра Железничар и верувам дека ќе има со што да ги изненадиме. И овој пат ќе настапиме без Александер Шпенде, што ќе биде голем хендикеп за нас, но добро е што се враќа Адријан Миличевиќ“, вели пред средбата нашот тренер Данило Брестовац.

Овој натпревар е можност да се реваншираме за поразот во Скопје во есенскиот дел од сезоната. Тогаш загубивме со резултат 29:30 (13:16).

Прочитано 221 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 5 =