Данило Брестовац: Победата е целосно заслужена

04.11.2018 21:54
_DSC0106_resize

По натпреварот Металург – Чеховски Медведи се одржа редовна прес-конференција. Сосема разбирливо, двајцата тренери беа во различно расположене и нивните изјави беа дијаметрално различни. Легендарниот Владимир Максимов падна на тестот на коректноста и ги обвини судиите за бројни одлуки на штета на неговиот тим, додека Данило Брестовац беше пределно дециден – судиска помош немаше, а победата е апсолутно заслужена, бидејќи водевме во најголемиот дел од средбата.

.

Владимир Максимов: “Последните минути од натпреварот донесоа многу борбена игра. Во клучните моменти не реализиравме многу ситуации еден на еден, а покрај тоа и Даниловски имаше неколку добри одбрани. Сепак, во последните неколку минути од средбата имаше и неколку судиски одлуки кои не беа во наша полза. Тоа што за нас беше две минути, не беше и за Металург, а во борба за топка се досудуваа фаули во полза на Металург. Воедно и она што за Металург беше седум метри за нас не беше судено. Како и да е, честитки за Металург за победата. Се работи за млад тим, кој се избори за посакуваните поени. За нив оваа победа сигурно ќе биде многу корисна“.

Тимофеј Маслеников: “Првото полувреме беше многу лошо за нашиот тим. Не бевме подготвени за таква игра. Не ги користевме шансите да даваме голови кога можевме, се боревме, но Металург на крајот беше посреќен“.

Данило Брестовац: “Задоволен сум што дојдовме до првата победа во Лигата на шампионите. Имаме поголем ростер и повеќе ротација. Не најдовме решение за нивната 5-1 одбрана. Немавме многу време за да се подготвиме за сето тоа што Чеховски Медведи може да го понуди. Направивме максимум за да се подготвиме. Додека играа 6-0 делувавме добро, но на тоа и повеќе работевме. Благодарение на Даниловски и добрата одбрана заслужено имавме 16:10 на полувреме. Во вториот дел промашивме две зицери и два пенали. Сега е лесно да зборуваме, но доколку ги реализивавме сигурно многу порано ќе го решевме овој дуел. Сепак, во ниту еден момент не помислив дека можеме да загубиме. На клупата сите бевме свесни дека го имаме овој натпревар и верувавме во тоа. Можам да кажам и тоа дека судиите не ни помогнаа воопшто. Токму Чеховски беа во постојана комуникација со судиите и не знам од каде е впечатокот дека судиите ни помогнале“.

Никола Даниловски: “Сакам да им се заблагодарам на Чехиовски Медведи за фер и коректниот натпревар. Не би се согласил дека имавме среќа за да победиме, водевме во сите 60 минути. Почнавме многу добро во одбраната, сите игравме како еден и тоа ја направи разликата во првото полувреме. Ретко кога сезонава одигравме вака тимски. Во вториот дел го имавме тој наш класичен пад, но цело време се боревме и имавме доволна предност од првиот дел. Среќата е на страната на храбрите“.

Фото:

Прочитано 200 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 6 = 1