Данило Брестовац: Последниот напад го вежбавме на тренинг, како да знаевме дека ќе ни треба

06.12.2018 01:10
_DSC0095_resize_resize

На прес-конференцијата по средбата меѓу Металург и Вардар, натпреварот го коментираа тренерите н двете екипи и одбраните ракометари. Тренерот на Вардар, Роберто Парондо, призна дека Металург го изнамачи неговиот тим, додека кај тренерот на Металург, Данило Брестовац, имаше разочараност што неговите момци во клучни моменти не се придржуваа до техничко-тактичките работи тренирани и објаснети на тренинзи.

.

Данило Брестовац: “Во континуитет игравме добро, но тоа што ми смета е фактот дека не се придржуваме до техничко-тактичките работи кои ги вежбаме и објаснуваме на тренинзи. Не знам дали се работи за младоста и неискуството на моите ракометари или, пак, се работи за нешто друго. На пример, знаеме дека Скубе, ако прими топка од десна страна, ќе даде гол. Исто и Карачиќ, знаеме како ќе игра, но пак не го сопревме. Ми сметаше и последниот напад, како да знаевме дека ќе се случи оваа ситуација, па го вежбавме на тренинг ден пред мечот. Овој дуел немаше некое големо значење, но ме радува што во средината на вториот дел, кога паѓавме на претходните средби, бевме далеку подобри. Вардар победи на физички предиспозиции“.

Томислав Јагуриновски: “Му честитам на Вардар за победата. Одигравме еден коректен натпревар, но некои работи што ги работиме на тренинг, не ги применивме на овој натпревар. Не знам дали тоа се случува затоа што сме млади. Правевме доста грешки и ќе мораме уште многу да се поправиме“.

Роберто Гарсија Парондо: “Најважно е што победивме, бидејќи ни беа потребни овие бодови, па затоа сме задоволни. Моја грешка е што одигравме лош меч. Се обидов да ги одморам играчите по тешкиот меч со Киелце, за да немаат притисок. Затоа игравме во поинаков ростер. За да се победи во еден натпревар треба да се даде максимум, а ние тешко игравме. Металург покажа дека може да игра меч со висок интензитет. Скопје има два добри тима. Тоа е добро за градот“.

Марко Кизиќ: “Секогаш кога се игра со Металург натпреварот е тежок. Ние ја имавме фаворитската улога и затоа постоеше притисок. Во одреден период одмор добија некои од нашите играчи. Ние се обидовме да го прикажеме најдоброто, па на крај победивме. Добро се подготвував за овој меч, затоа имав и добра партија“.

Фото:

Прочитано 545 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 2 =