Данило Брестовац: Сакаме резултати, но мораме да бидеме трпеливи

23.09.2018 21:30
_DSC0059_resize

По средбата Металург  – Бешикташ, се одржа редовна прес-конференција на која тренерите и одбраните ракометари ги кажаа своите импресии од одиграниот натпревар.

.

Данило Брестовац: “Ништо изненадувачко на овој дуел од Бешикташ. Искуството на Прибак, Доне, Толга противникот го канализираше на најдобар можен начин. Се работи за одличен тим со многу искусни играчи. Сега јас се чувствувам како некое мало дете што допрва вади млечни заби, но никако да ги извади. Имавме добри моменти на оваа средба, но и многу лоши моменти. Со младите мораме да бидеме трпеливи, мораме да изградиме добра база, добар тим и да го комплетираме ростерот со двајца или тројци странци. Знам дека сакате резултати, но мораме да бидеме трпеливи и вие и ние. Би ве замолил да не поддржите во таа наша намера, а од тоа корист нема да има само Металург, туку и репрезентацијата“.

Томислав Јагуриновски: “Нашата екипа, исто како и на секој натпревар, игра одлично во првото полувреме, но нешто ни недостасува во вториот дел. Како што кажа тренерот, ќе мораме уште повеќе да работиме и да се надеваме на подобри резултати во иднина“.

Муфит Арин: “Му честитам на Металург за добриот натпревар. Ова беше многу тешка средба за нас, после оној натпревар од минатата недела, кога одигравме многу лошо против Татран Прешов. Ова беше дуел за мотивација. Имавме голман кој одбрани добро, а го имавме и нашиот организатор на играта Немања Прибак, кој одигра добар натпревар и одлично го водеше нападот“.

Немања Прибак: “Сметам дека во овој момент Металург е во специфична ситуација, која не е така добра каква што беше порано. Му посакувам успех и се надевам дека во иднина ќе ги надмине сите проблеми. Бешикташ одигра просечен натпревар, ништо спектакуларно, но сепак покажавме дека сме добра екипа и дека имаме свои шанси во Лигата на шампионите“.

.

Фото:

Прочитано 188 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 11