Данило Брестовац: Се надевам дека на средбата со Татран Прешов ќе бидеме многу подобри

18.10.2018 13:38
44291732_1982142688533625_5895494821723766784_n_resize

Во пресрет на средбата со Татран Прешов, од седмото коло на СЕХА-лигата, Металург денеска одржа редовна прес-конференција на која своите коментари ги дадоа тренерот на Металург Данило Брестовац и ракометарот Димитар Димитриоски.

Овој натпревар е последен од овој прв циклус пред паузата. Ја очекуваме средбата, бидејќи сме влезени во лош ритам. Овие средби, паралелно во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата, како да земат замав и изгледаме уморно и исцрпено, особено на левата страна, каде што се Халил и Марио кои можат да држат висок ритам. Се надевам дека ќе го имаме и Шпенде, кој ќе ни помогне. Имаме малку тренинзи, односно две сеанси на видео. Се надевам дека ќе покажеме дека сме на прав пат. Татран има поквалитетен состав и е подобар во однос на Железничар. Покажавме голем квалитет и се надевам дека на следниот натпревар ќе бидеме многу подобри“, изјави Данило Брестовац.

Татран Прешов за нас е добро познат противник. Имаме време да се подготвиме и да ги анализираме. Можеби сме заморени, но треба да ставиме сè на една карта и да одиграме најдобро досега. Да покажеме дека навистина вредиме. Ја повикувам публиката да дојде во што е можно поголем број и да нè поддржи“, рече Димитар Димитриоски.

Средбата со Татран Прешов се игра в сабота, со почеток во 20.15 часои, и ќе има хуманитарен карактер, а влезниците ќе чинат 100 денари. Приходот од овој натпревар ќе се донира за лекувањето на малата Дарија.

Прочитано 118 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 7