Данило Брестовац: Силкеборг е најквалитетната екипа во групата, но ние нема да се предадеме

23.11.2018 14:39
MJI_4792_resize

Металург денеска одржа редовна прес-конференција, пред утрешната средба со екипата на Силкеборг. Своите коментари пред новинарите ги дадоа шефот на стручниот штаб Данило Брестовац и пикерот на Металург Милан Лазаревски.

.

MJI_4812_resize_resizeДанило Брестовац: “Играме со најдобрата, најскапата и најискусната екипа во нашата група. Гледајќи ја само пикерската позиција, со Нодесбо и Кнудсен, и нивното искуство јасно е дека ова ќе биде натпревар на кој нашите играчи можат многу да научат. Се надевам дека нема да разочараме, иако зад себе имавме многу лоша седмица. Велковски мораше на операција, а Токиќ имаше смртен случај, но сепак напорно работевме и се надеваме на добра партија. Мислам дека добро ги анализиравме во последните три дена и дека можеме да им парираме. Имаме и ротација за да успееме да го направиме тоа. Таму се држевме 40 минути и не сакам никого да обвинувам за тој меч на кој добив црвен картон. И сега, кога ги гледам некои од тие ситуации, се смеам. Очекувам добар натпревар и можам да ветам дека сите кои ќе дојдат ќе уживаат во тоа што ќе го видат. Јас се обидувам на секој натпревар на моите ракометари да им наметна победнички дух. Сакам да им влијаам психолошки, за да можат да го дадат најдоброто на теренот. Инаку, за мене успех е само победа“.

MJI_47192_resize_resizeМилан Лазаревски: “Силкеборг е најквалитетната екипа во нашата група. Според многу аналитичари, Нодесбо и Кнудсен се двајца од петте најдобри напаѓачки пивоти во светот во последната деценија. Ние нема никого да респектираме. Во спортот секогаш има изненадувања и ние веруваме во тоа. Во Данска премногу им се допушташе на домашните ракометари. Сепак, ние сме млада екипа и желни сме за докажуваме. Со максимален пристап и со залагање можеме да се покажеме добро на овој натпревар и ние  ветуваме дека нема да ги разочараме тие што ќе дојдат да го гледаат овој натпревар“.

Средбата РК Металург – Силкеборг се игра утре, со почеток во 17.30 часот во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“. Влезот е слободен за сите љубители на ракометот.

Фото:

Прочитано 212 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 4 =