Данило Брестовац: Со поддршка на навивачите ќе се обидеме да ја победиме екипата на Нексе

07.09.2018 13:27
41148433_2247776921901680_6698642530570862592_n_resize

Металург немаше среќа со почетниот календар во СЕХА-лигата и во првите две кола им гостуваше на двајцата главни фаворити за освојување на лигата – екипите на Вардар и на Мешков Брест. Доживеавме два убедливи порази, иако на двете средби во поголем дел од времето им бевме рамноправен противник на далеку поискусните ривали. Во третото коло во Скопје ни гостува екипата на Нексе, која има максимален број на бодови од претходни две кола, со минималните победи над ППД Загреб и над тимот на Извиѓач.

Металург денеска одржа прес-конференција, по повод оваа средба, на која наведе дека ќе се обиде да дојде до своите први три бода во тековната сезона на СЕХА-лигата.

На прес-конференцијата, своите видувања за претстојната средба ги дадоа шефот на стручниот штаб на Металург Данило Брестовац и пикерот на Металург Милан Лазаревски.

Во претходните две кола, одигравме два меча со Вардар и Мешков Брест, кои објективно се посилни екипи од нас и со поголем буџет. Доцна се вративме од патувањето во Белорусија и имаме уште малку време за подготовки. Ќе имаме три тренинзи и видео сеанси. Утре, од првиот тренинг, почнуваме со подготовки. Се надевам дека ќе најдеме сили и дека со помош на нашите навивачи ќе се избориме за победа на домашен терен, прва во тековната сезона.

Има многу предуслови за да се добие еден натпревар. Јас не се согласувам дека нас не надиграа во Брест. Ние промашивме неколку важни шутеви. Така, Шилегов не реализираше два удари од крило, Лазаревски од пивот, а Јагањац зицер по ситуација “еден на еден“. Сето ова може да биде резултат на замор, но може да биде и поради неискуството. Можам само да погодувам. Бевме подобри во однос на првиот меч. Играме со противници кои се физички посилни од нас. Кога ќе погледнам ми пречи само физичкиот изглед на играчите. Имаше и ситуации во кои не бевме заштитени од судиите. Не сакам да се жалам, бидејќи ракометот е физичка игра и ако си малку послаб – тоа се чувствува на теренот. Моите играчи повеќе се трошат. Мешков има буџет од 5 милиони евра и 24 играчи под договор. Имаа повеќе ротација, беа посвежи и повеќе не удираа. Сепак, ако ги реализиравме своите шанси – не велам дека ќе ги победевме, но ќе бевме многу поблиску со резултатот“, изјави Данило Брестовац.

Во фаза сме на подготовки за средбата со екипата на Нексе. Ова ни е прв натпревар на домашен терен и прв на кој можеме да се надеваме на позитивен резултат. Очекувам силна поддршка од навивачите. Нексе не е екипа на потценување. Тие немаат огромен буџет, но многу економично ги трошат парите на засилувања, купувајќи играчи кои не се со звучни имиња, но се квалитетни. Нексе во првото коло го совлада ППД Загреб, но ние сепак можеме да се надеваме на позитивен резултат од овој натпревар од 3. коло“, рече младиот Милан Лазаревски.

Средбата со Нексе ќе се одигра в недела, со почеток во 20.15 часот.

.

Фото:

Прочитано 317 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 1 = 5