Данило Брестовац: Спортинг Лисабон е сериозна екипа

05.11.2018 17:13
MJI_3329_resize

Металург денеска одржа прес-конференција и по повод средбата од седмото коло на групната фаза на Лигата на шампионите, против екипата на Спортинг Лисабон. И на овој прес коментираа Данило Брестовац и Филип Арсеновски.

.

Натпреварот со екипата на Спортинг е веќе друга работа, бидејќи се работи за сериозна екипа со огромно искуство на нејзините ракометари. Спортинг има одличен тим и е квалитетно покриен на сите позиции. Што да кажам, ќе се обидеме најдобро да се подготвиме за овој натпревар. Гледајќи ја нашата игра од вчерашното прво полувреме, имам надеж дека можеме да се обидеме да победиме на овој натпревар. Победите годат, но уште повеќе радува ако тимот добро игра. Морам да кажам дека во оваа фаза од сезоната резултатите за мене се во втор план и така ќе биде се до почетокот на македонското првенство. Најважно за мене е напорно да тренираме, добро да играме, а ако биде се така – резултатите сами ќе си дојдат“, вели Данило Брестовац.

Не чека тежок натпревар со екипа која има цела низа на искусни ракометари, кои минаа се и сешто. Од мое и од името на играчите , ветувам дека ќе го дадеме нашиот максимум за да дојдеме до победата на оваа средба. Ќе се обидеме да одиграме најдобро, па нека победи подобриот“, изјави Филип Арсеновски.

Натпреварот меѓу Металург и Спортинг Лисабон се игра в четврток во ВИП Арената СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 19 часот.

Фото:

Прочитано 372 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 3 = 5