Данило Брестовац: Среќен сум бидејќи победивме со тимска игра

22.02.2019 22:19
52666729_10215663478792819_6168312669079076864_n_resize

На редовната прес-конференција по средбата Стеауа – Металург, своите коментари ги дадоа тренерите и одбраните ракометари на двете екипи.

.

Данило Брестовац: “Многу сме среќни за оваа победа бидејќи победивме со тимска игра. Честитки до тимот на Стеауа за за фер и коректниот пристап на средбата“.

Милан Лазаревски: “Честитки до тимот на Стеауа. Тие одиграа многу добро, бараа решенија во целиот натпревар. Ние останавме фокусирани низ целиот тек на натпреварот и продолживме да се бориме и кога губевме. Така успеавме да ја добиеме победата“.

Овидиу Михаил: “Честитки за победата на Металург. Според мене, ракометот значи фер-игра. Имавме контрола во 50 минути, а потоа многу лесно загубивме неколку топки. На крајот, сите играчи беа уморни. Имавме тешки натпревари и денес не бевме во добра форма“.

Крсто Милошевиќ: “Најпрво му честитам на Металург за победата. Денешниот натпревар беше тешка работа за нас, бидејќи моравме да се справиме со акумулираниот замор и со многу повреди што ги имаме во моментот“.

Фото:

Прочитано 339 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 11