Данило Брестовац: Татран Прешов е екипа со која можеме да се надигруваме

28.09.2018 14:14
GIL_2070_resize

Металург денеска одржа прес-конференција пред неделната средба со екипата на Татран Прешов, во рамките на третото коло на Лигата на шампионите. Своите видувања за претстојниот натпревар ги дадоа тренерот Данило Брестовац и ракометарот Марио Танкоски.

.

Данило Брестовац: “Татран не е екипа од самиот врв на европскиот ракомет и затоа сметам дека против нејзе можеме да играме. Можеме да им парираме во 5-1 одбраната, за да не им дозволиме шутеви од далечина, од каде се исклучително силни. Нам ни недостигаат лесни голови. Тие ги имавме во првото полувреме против Бешикташ, но имавме и многу падови во нападот. Нашиот најголем проблем е што нашите млади ракометари тешко излегуваат од криза, кога доаѓаме во ситуација да бидеме во резултатска негатива. Дури и кога ќе почнеме да излегуваме, одново почнуваме да тонеме. Томовски првото полувреме го брани коректно, а потоа има мал пад во вториот дел. Ако добиеме негова поддршка и во продолжението и со трпелив напад би можеле да стигнеме до поволен резултат. Проблемот го наоѓам во ротацијата. Кога би имаме уште двајца квалитетни играчи, тогаш би немале такви проблеми. Да бидам искрен без барем едно засилување ќе ни биде тешко. Ни треба ракометар кој ќе игра во двата правци за да дојдеме до тимот кој го посакуваме и кој тим би одиграл и квалитетна 6-0 одбрана. За жал, ние не знаевме дека ќе ни ги ‘украдат’ Кузмановски и Ќерими. Тоа не е спортски. Со нив ќе бевме далеку посилни и сигурно немаше да имаме такви порази. Можеби и ние сме го правеле истото во минатото. Јас и тогаш го имав истиот став како и сега. Тој не е променет воопшто и сметам дека тоа не е исправно“.

Марио Танкоски: “Играме со еден од главните фаворити за првите две места во нашата група. Во последно време забележаа добри резултати и играат добар ракомет. За нас е важно да ги избегнеме оние црни пет минути во второто полувреме. Ако ги избегнеме тие лоши минути можеме да се надеваме на добар резултат за нас“.

Фото:

Прочитано 95 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 5 = 14