Данило Брестовац: Уморни сме, едвај ја чекам паузата

18.10.2018 01:14
_DSC0093_resize

По натпреварот Металург – Железничар, се одржа редовната прес-конференција. Данило Брестовац и Веселин Вујовиќ, како и Мартин Серафимов и Андрија Маџар, ги дадоа своите коментари за изминатата средба.

.

Данило Брестовац: “Им честитам на Железничар и Вујовиќ за победата, која е сосема заслужена. Имавме многу технички грешки, немавме ниту напад, ниту одбрана, а немавме ни брза топка. Не игравме убав ракомет. Имаме многу осцилации и големи падови. Тешко е, но мораме да се бориме и мораме да работиме. Едвај ја чекам репрезентативната пауза. Уморни сме. Ни недостасуваат и неколку играчи за да имаме квалитетна ротација. Не можам да си дозволам луксуз, имам во тимот премлади играчи и морам да пазам кого и кога го пуштам на терен. Внимавам, затоа што децата ми се најважни. Треба време, но мислам дека со оваа млада екипа сме на добар пат. За две до три години Металург би имал многу добра екипа. Со поддршка на сите, ќе можеме да го стигнеме посакуваното ниво. Со Шпенде во ротација на наредниот меч ќе добиеме на таа левата бековска позиција и ќе бидеме подобри“.

Мартин Серафимов: “Се што кажа тренерот си стои на место. Како еден од помладите играчи, се обидувам да му помогнам на својот тим. За мечот, ќе кажам дека моравме да одиграме подобра одбрана. Полуконтрата ни функционираше, таа не врати во мечот. Но, има уште многу работа, доаѓа ЕХФ-неделата. Добро ќе ни дојде одморот“.

Веселин Вујовиќ: “Сакам да му честитам на Металург за коректната игра. Имавме проблем со исклучувањето на Вејин. Немаме ростер за да поднесеме такви работи. Напорно е за младите екипи да играат на два фронта, како на пример Металург во Лигата на шампионите и во СЕХА-лигата. Имавме многу грешки, а и судењето исто така беше „таму-ваму“, па така не бевме задоволни титу ние, ниту Металург. Бевме подобри за еден гол, но не сум задоволен од играта. Се надевам дека Металург ќе остане голем тим каков што беше и дека ќе се среди се, за доброто на македонскиот ракомет“.

Андрија Маџар: “Честитки за Металург за добрата игра. Пред нив сигурно е светла иднината, затоа што имаат млади играчи, па, ако тие работат, резултатите ќе дојдат сами по себе. Што се однесува до мечот, во првото полувреме ги изработивме сите поставени задачи. Но, по исклучувањето на Вујин игравме тешко и правевме грешки. Сепак, најважни се бодовите и победата. Ова е втора победа по ред за нас, многу ќе ни значи за самодовербата и се надевам дека ќе продолжиме во ист ритам“.

Фото:

Прочитано 194 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 6