Данило Брестовац: Уште при видеоанализите знаев дека ќе имаме проблем со Јапонците

12.08.2019 23:41
MKD-Japan-12.08.2019-WCH-U19-0132_resize

Македонија денеска одигра лош натпревар и доживеа убедлив пораз од селекцијата на Јапонија. Селекторот Брестовац по средбата изјави дека го насетувал денешниот исход уште при правењето на видеоанализите пред средбата:

Ниту технички, ниту тркачки не успеавме да и парираме на Јапонија. Пак доаѓаме до моето мислење дека ракометот кој се игра надвор од Европа ни е проблематичен. И со Јапонија и со Нигерија и со Бахреин не можевме да парираме со брзина. Сега, ако барам каде е вината… не знам. Ние во Македонија немаме ракомет на брзина, на техника. Немаме начин на тренинг како Данците. Почнуваме од основните работи, не можеме тркачки и технички да парираме. Ни направија 0-6 на стартот поради нашите технички грешки. Ако го вратиме филмот назад, генерациите најдобрите партии ги даваат кога се на крајот. Имаме проблеми со техничката и брзинската подготовка. Трипати беше противникот побрз од нас. Технички, беа доведени до совршенство. Ние сме научени на европски ракомет, малку поспор, шаблонизиран. Не можевме да ги затвориме Јапонците, тоа ни беше проблем. Ние во Македонија играме шаблонизиран ракомет, децата ги учиме исто, да играат акции и комбинации, да се знае каде е блокадата, каде е вишокот. Кај неевропските селекции гледам друг начин на ракомет. А, ние немавме ниво да ѝ парираме на Јапонија. Ние влеговме во мечот да победиме, ниту еднаш не зборувавме да калкулираме. Играчите ги мотивиравме, дека играме дома, дека треба да победиме. Но, преку видеоанализите гледав дека не може да ѝ парираме на Јапонија посебно со ротација“, изјави Брестовац.

Прочитано 60 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 3