Данило Брестовац: Во клучните моменти ракометарите на Нексе беа посконцентрирани

16.12.2018 23:24
DSC0208_resize_resize

По средбата во Нашице, се одржа редовна прес-конференција.

.

Данило Брестовац: “Им честитам на Нексе и на мојот колега Хорват за победата. Во решавачките моменти тие беа посконцентрирани, за разлика од моите ракометари, кои беа нервозни. Сепак, повторно велам дека имаме добар тим и добра иднина. Верувам дека многу подобро ќе играме во вториот дел од сезоната“.

Адриан Миличевиќ: “Се боревме од првата до последната минута. Во многу делови од играта бевме многу подобри отколку во претходните средби. Треба да ги крениме главите, пред нас е уште еден натпревар и нова шанса за успех“.

Хрвое Хорват: “Очекував тежок натпревар, бидејќи знаевме дека Металург сега е многу подобар отколку на почетокот на сезоната, со нови играчи во својот тим. Задоволен сум од денешното издание на нашата одбрана. Добри бевме и во нападот, иако испуштивме добри шанси. Ова е крај на првиот дел од сезоната и играчите се изморени. Воедно, би сакал да им честитам за нивната добра игра денеска“.

Иван Вида: “Многу сериозно се подготвувавме за оваа средба, бидејќи не сакаме лоши резултати и непријатни изненадувања во нашата сала. Да, денеска беше тешко, иако можеби можевме средбата да ја добиеме и многу порано. Сепак, задоволни сме со трите освоени бодови и се надевам дека ова ќе го повториме и на последната средба од годината“.

Прочитано 166 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 − = 3