Данило Брестовац: За мене и најгрдата победа е поубава од најубавиот пораз

12.08.2019 02:22
MKD-Denmark-11.08.2019-WCH-U19-8228_resize

Македонија ја загуби денешната средба со големиот фаворит Данска, но го оствари посакуваниот пласман во осминафинале на кадетското СП.

Иако евидентно ја подобривме својата игра, селекторот Брестовац жали за пропуштената можност да го изненадиме големиот фаворит:

Можеби игравме и подобро. За мене и најгрдата победа е поубава од најубавиот пораз. Задоволен сум дека одиме во нагорна линија, почнавме да функционираме понормално. Можеме да влеземе и во ротација. Имавме промена, за разлика од првите три средби. Фокусот е ставен на осминафиналето и на противникот. За нешто повеќе против Данска ни фалеше голман во второто полувреме. Во првиот дел бевме одлични, иако имавме и неколку технички грешки. Мораме да сме реални, Данска е меѓу најдобрите во младинските категории. Не сакам да се занесувам дека сме одиграле перфектен натпревар, беше коректно, за нешто повеќе ни требаа неколку фактори плус“, изјави Брестовац.

Прочитано 62 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 6