Данило Брестовац: Задоволен сум од тоа што го сработивме во овој краток период

30.08.2018 01:45
_DSC0160_resize

По натпреварот меѓу екипите на Вардар и на Металург, се одржа редовна прес-конференција на која своите видувања ги дадоа тренерите Брестовац и Парондо и играчите Кузмановски и Поповски.

И покрај поразот, тренерот на Металург Данило Брестовац е задоволен од прикажаното на оваа средба:

Честитки за екипата на Вардар. На оваа средба имавме многу осцилации во нашата игра. Но, јас очекував да биде така. Ни недостигаа најмалку две ротации на надворешната линија и на пивотменската позиција. Со нив би имале повеќе избор. Се надевам дека наскоро ќе го решиме проблемот со пикерската позиција, откако Миличевиќ ќе ги среди своите документи. Јас сум задоволен од тоа што го сработивме за овој краток период. Се корегиравме и ја поправавме својата игра во овој период. Сепак, јас не сум волшебник, а и треба време за момците да се навикнат на мојот стил на работа. Во овој момент ни недостигаат средби. Ова ни е трет меч, а за мене е прв, бидејќи не ги сметам Супер купот во Струга, на кој не присуствував, и дуелот против Бутел, кој беше само тренинг дуел. Вардар одигра десетина натпревари и се гледа дека нивната игра е на повисоко ниво. Уште еднаш, честитки до Вардар. Сè беше навистина добро. Можам да кажам дека имаше периоди во кои достојно му париравме на Вардар“.

Слично мисли и нашиот капитен Филип Кузмановски:

Одигравме добро прво полувреме во кое му париравме на Вардар. Сепак, така беше додека имавме сили. До тој момент и игравме добро. Вардар ја направи разликата откако ние го загубивме својот ритам. Ова е само прв натревар и имаме простор за напредок. Ние сме млада екипа, а ова ни е прва официјална средба во СЕХА-лигата, па очекуваме да бидеме многу подобри“.

Тренерот, пак, на Вардар Роберто Парондо изрази незадоволтво од играта на својот тим:

Во првото полувреме против Металург не одигравме најдобро и така не смееме да играме во иднина. Имавме лош интензитет на играта и јас постојано им зборувам на своите играчи дека мораме да бидеме многу подобри во секој дел од играта. Ова беше тешка средба во текот на сите 60 минути и ни остави трага резултатот од првите 40 минути. Во продолжението беше поинаку. Го кренавме нивото и успеавме да одиграме далеку подобро, но јасно е дека ќе мораме напорно да работиме во следниот период, доколку сакаме уште подобри резултати“.

Не беше задоволен ниту Мартин Поповски:

Мораме далеку посеризно да ги сфатиме противниците, доколку сакаме добри резултати. Ни треба многу време за да стигнеме до посакуваното ниво на игра, бидејќи имаме нов тренер и ќе ни биде потребно време за да стигнеме до тоа што го планираме“.

Фото:

Прочитано 494 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


9 − 6 =