Данило Брестовац: Загреб денеска беше подобар во сите аспекти од играта

03.10.2018 01:02
ppd-met_-_7_original_resize

На прес-конференцијата, по средбата ППД Загреб – Металург, тренерите и одбраните ракометари ги дадоа своите коментари.

.

Данило Брестовац: “Сметам дека Загреб денеска беше подобар во сите аспекти од играта. Во некои моменти и ние имавме можност порамноправно да се натпреваруваме со противникот, но тоа што посебно не секира е евидентниот пад во второто полувреме. Очигледно, имаме уште многу да работиме. Би сакал малку да се засилиме, а јас верувам дека со текот на времето се ќе биде подобро“.

Адријан Миличевиќ: “Одигравме одлично прво полувреме, особено во одбраната, но на почетокот од вториот дел бевме многу лоши. Не смееме да бараме оправдувања, туку мораме да работиме повеќе и понапорно. Добро е што, и поред големата негатива, не се предадовме до последниот свиреж, но повторувам патот пред нас е уште многу долг“:

Лино Червар: “Металург вечерва дефинитивно покажа дека има потенцијал. За мене ова беше емотивен натпревар, бидејќи играв против екипата со која живеев во текот на осум години.Сметам дека ќе го искористиме успехот од оваа средба за да добиеме во самодоверба, пред патувањето за Данска. Матеј Хрстиќ се врати по санирањето на повредата, а младите ракометари кои обично немаат голема минутажа вечерва имаа шанса да покажат што умеат, што е многу важно.Сега имаме доволно време да се одмориме и да се подготвиме за средбата со Скјерн“.

Матеј Хрстиќ: “Одигравме добро на почетокот на второто полувреме и го сработивме тоа што ни го кажа тренерот. Искрено верувам дека се справуваме со задачите и, како што ќе минува времето, ќе играме се подобро“.

Прочитано 154 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 8