Данило Брестовац: Железничар е убава можност за прва победа во СЕХА-лигата

15.10.2018 15:07
_DSC0003_resize

Металург денеска одржа прес-конференција пред средбата со екипата на Железничар Ниш, која се игра в среда, во рамките на шестото коло на СЕХА-лигата. Своите видувања ги изложија Данило Брестовац, тренер на Металург, и Никола Даниловски, голман на Металург.

Данило Брестовац: “Имаме убава можност за добар натпревар. Противникот го респектираме, но ова е шанса да одиграме добро и да ја забележиме нашата прва победа. Да бидам искрен, малку сме заморени по двете гостувања во Лигата на шампионите, но сега нашите мисли се насочени само на средбата со Железничар. Направивме анализа на последниот натпревар и тоа ќе ни овозможи да ги исправиме грешките од претходните дуели. Имаме уште два тренинга на кои ќе треба да се подготвиме. Заморот ни е непријател, но имаме можност да одиграме добро и да забележиме победа“.

Никола Даниловски: “До минатото коло и Железничар, како и ние, немаше победа, но потоа го победи Извиѓач. Сега и ние сме мотивирани за добар резултат. Уште немаме победа и мораме на оваа средба да одиме на триумф. Концентрирани сме на овој натпревар. Не го потценуваме противникот туку напротив се повеќе се мотивираме. Имаме мотив плус и поради тоа што имаме лоша серија, а од името на сите ракометари можам да ветам максимум на теренот. Сите веруваме во победа на овој натпревар“.

Средбата со Железничар се игра в среда, со почеток во 20.15 часот, во ВИП Арената СЦ “Борис Трајковски“.

Фото:

Прочитано 185 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 7 = 2