Данило Брестовац: Знаеме дека сме се подобри

03.12.2018 13:50
47322988_2187068448280463_5084549097239609344_n_resize

Металург денеска одржа редовна прес-конференција, пред средбата со Вардар, во рамките на десетото коло на СЕХА-лигата.

Своите коментари ги дадоа Данило Брестовац и Мартин Томовски.

Данило Брестовац: “ Ќе играме со една од најдобрите екипи во Европа, екипа од Tоп-4. Играта ни е во нагорна линија, очекуваме дека уште ќе напредуваме. Во Нови Сад учевме боречки вештини, во Прешов малку не “зафркаваа“ судиите. Мене ме радува тоа што од првиот до последниот натпревар во оваа сезона одиме по нагорна линија. Нормално дека се појавуваат работи кои не се како што треба. Во Нови Сад не бев задоволен од голманите, бидејќи со пет одбрани не се добива натпревар, а не бев задоволен и од пристапот на некои играчи. Очекувам добра битка, не можам да кажам дека не ме интересира, јас не можам да спијам после натпревар. Поквалитетни се, ќе дадеме се од себе, очекувам добар резултат, а тоа за мене е победа и од еден разлика.

Овој наш проект бара трпение и затоа ни треба поддршка и од вас новинарите. Истиот пат го одевме и во Вардар пред 15-тина години. Се случуваа истите работи, се до оној ден кога го победивме Пелистер во Битола и ја освоиме титула. Очекувам дека и овие момци ќе го имат тој „клик“ и постепено ќе созреваат. Еве, Мартин Серафимов играше одлично во Прешов. Дали може да го форсираме за во репрезентација? Можеби, но тоа нека го проценат тренерите, а истото важи и за Томи Јагуриновски. Сакам да се знае дека овие момци работат напорно, дека оставаат срце на терен во текот на сите 60 минути. Тоа како да не е важно. Двајца играчи на Вардар или на Мешков Брест чинат колку целиот буџет на Металург, но ние 60 минути го оставаме срцето на терен. Е сега, има ситуации кога толку ни се можностите. Тоа ви е како деца од шесто одделение да тргнат да се тепаат со деца од осмо одделение. Можеме да им се силиме на сите, но кога ќе дојде она главното паѓаме“.

Мартин Томовски: “Вардар во овој момент бележи одлични резултати и тоа е така во последните 3-4 години. Иако имавме две тешки гостувања, мотивацијата со Вардар ќе биде на едно огромно ниво. Повредите, заморот и сите работи што ни се случуваа на гостувањата ќе се заборават и нема да не спречат да го дадеме тоа што се бара од нас, со максимално залагање и дисциплина, за на најдобар можен начин да ги демантираме критиките на тренерот. Ќе се обидеме да го зголемиме нашиот придонес, еве и ние голманите да влеземе во некој континуитет, бидејќи за дел од нас следи репрезентација, нормално, треба да фатиме приклучок и да бидеме од полза и во националниот дрес“.

Прочитано 215 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 1 = 4