Данска е старо-новиот шампион, Шпанците се трети

31.01.2021 19:22
145062464_3657374790977438_6413793467869779523_o

Во Египет заврши 27-то Светско првенство во ракомет.

Денеска се одиграни последните две средби – малото и големото финале.

Во натпреварот за третото место видовме лесна и убедлива победа на Шпанија, која денеска против себе ја имаше индиспонираната Франција, која самата е крива за својот пораз, бидејќи лошата одбрана и недисциплинираниот напад се причините зошто Шпанија денеска немаше достоен противник.

Шпанија – Франција  35:29 (16:13)

Сосема поинаков меч следевме во финалето на тековниот ракометен мундијал. Видовме голема борба меѓу двете најдобри репрезентации на првенството. Скоро до самиот крај гледавме неизвесен натпревар, односно се до оној моментот кога големиот Никлас Ландин ги зеде работите во своите раце. Со девет чисти победи, Данска сосема заслужено ја одбрани титулата.

Данска – Шведска  26:24 (13:13)

Прочитано 53 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 7 = 10