Дарко Кондев: До успехот нема лифт, мора да се оди скалило по скалило

12.08.2019 02:31
MKD-Denmark-11.08.2019-WCH-U19-8322_resize

Македонија одигра добар натпревар против големиот фаворит Данска, но на крајот мораше да се помири со пораз.

Ракометарот на Металург, Дарко Кондев, денеска го имаше својот најдобар ден во досегашниот тек на првенството и постигна три гола од исто толку обиди:

Кога играме тимски, можеме да играме со секого. Против Данска не искористивме зицери, нивниот голман фати доста топки. Оставивме срце на терен, но не успеавме. Благодарност до публиката што дојде да не поддржи. Ние игравме со срце, бидејќи ако не играш со срце не треба ни да бидеш на овој терен. Ние сме млади ракометари, одигравме еден од подобрите натпревари и сега ќе мораме да се фокусираме на Јапонија. Веќе сме во осминафиналето, но имаме уште работа. Нема лифт до успехот, мора да се оди по скалите, чекор по чекор“, изјави Кондев.

Прочитано 390 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + 4 =