ДАРКО СТАНИЌ ГОСТИН НА УЕФА ФУТСАЛ КУПОТ ВО КРАГУЕВАЦ

03.10.2013 12:41
114898932524cd2fc15609278185017_orig

za tekst

Во Крагуевац се тече првата фаза од УЕФА Футсал купот. На стартот на ова елитно европско натпреварување, српскиот шампион, екипата на Економац, извојува победа против хрватскиот претставник, тимот на Национал.

Специјален гостин на оваа средба беше голманот на Металург и на српската репрезентација, Дарко Станиќ, кој своите голмански почетоци ги направи токму во малиот фудбал, футсалот. Станиќ во Крагуевац дојде на покана на управата на Економац, чиј претседател, г. Верољуб Дугалиќ, му врачи дрес со бројот 12.

“На почетокот од својата голманска кариера и јас бев голман во мал фудбал, а имам освоено и неколку награди за најдобар поединец“, рече Станиќ.

 

Прочитано 1.242 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + = 12