ДАРКО СТАНИЌ ОДГОВОРИ НА ПРАШАЊАТА НА НАШИТЕ ФАНОВИ

20.05.2013 20:37
MJI_5o619_resize

za tekst

Во изминатиот период испративте голем број прашања до Дарко Станиќ. Одбравме пет, а Дарко одговори на нив. Петмината ги наградуваме со маичка на Станиќ.

Јована Петровска: Со оглед на тоа што Дарко Станиќ беше прогласен за најдобар голман на Европското првенство во Србија минатата година, сигурно има добиено понуди од некои европски клубови… Што е пресудно што останува во Металург?

Дарко Станиќ: Точно е дека по Европското ракометно првенство што се одигра во нашата земја и на кое ние го освоивме сребрениот медал, а јас бев избран за најдобар голман, имаше повеќе екипи што беа заинтересирани за моите услуги. Но јас веќе 6-7 месеци бев член на Металург и имав доволно време да заклучам дека ова е вистинската екипа за мене, со соиграчи и пред сѐ публика што неизмерно ме поддржува. Ваков прием од публика, јавност, медиуми навистина само може да се посака. Голем плус се и амбициите на Металург, кои одат високо во Европа.

Јадранка Јованова: Дарко, ти си победник. Победник зашто ја доби битката сам со себе. Ја имаш контролата над себе. Како победник се грижиш за мислењето на луѓето околу себе. Денес е доволно да се слушне Дарко Станиќ и да се почувствува победата. Имаш навивачи што се чувствуваат како победници само затоа што се заедно со тебе. За победниците се пишуваат книги. Дали би те почестило ако некој го стори тоа за тебе?

Дарко Станиќ: Ха-ха, добра идеја. Сигурен сум дека има многу материјал за таква работа. Можеби и премногу за период од триесетина години активен живот. Секако дека би ме почестило, но би сакал малку да причекаат со пишување додека сѐ уште сум активен во спортот. И секако, благодарам на комплиментот дека сум победник и горд сум што можам да ги израдувам другите луѓе во овие тешки времиња на живеење.

Тони Илиевски: Дали и надвор од теренот си толку смирен и стрплив, затоа што на терен ретко кој покажува таква самоконтрола и смиреност.

Дарко Станиќ: Па, да. Може да се каже дека сум мошне смирен човек. Секако дека има моменти кога и јас знам да „излезам од кожа“ и на тоа гледам како на нормална работа. А што се однесува до самоконтролата, мислам дека тоа е еден квалитет што треба да се поседува за врвни резултати во која било професија. Но тука има начин на тренинг за постигнување самоконтрола.

Пенчо Петров: Какви ти се плановите и желбите за во иднина?!

Дарко Станиќ: Што се однесува до ракометот, моите планови и желби се секако врзани за Скопје и за Металург. Годинава направивме чекор напред и нашите фанови сигурно дека ќе очекуваат уште повеќе следната сезона. И моите апетити се поголеми, а желбите се однесуваат пред сѐ на добро здравје и, секако, да ја задржиме титулата во „Автокоманда“. Другото ќе си дојде.

Гордана Велкова: Даре, царе, слушаш ли рок-музика? Мене повеќе ми личиш на член на некој рок-бенд или глумец од некој филм на Тарантино, но те обожавам баш дека си ракометар.

Дарко Станиќ: Морам да признаам дека обожавам рок-музика. Е, сега, не знам како да го разберам делот дека личам на некој рок-музичар или глумец на Тарантино?! Не сум видел многу позитивни ликови во филмовите на Тарантино, но во секој случај се ликови со многу „тежина“ и ако е тоа споредбата, тогаш впечатокот ти е на место. Сакам да кажам дека не си единствена што го има тој впечаток за мене. Веројатно има нешто тука, ха-ха.

941312_598448136833047_128588600_n_resize

Прочитано 1.653 пати

(6) Коментари

  1. Javljam se iz Srbije.
    Prvo cu reci da si stvarno najbolji i da si mi Idol.
    Pitanje od mene je Da li si ponosan sto si deo Rukometne Reprezentacije Srbije?
    Veliki pozdrav.

    • Naravno da je ponosan i to je u nekoliko situacija posocio kad su ga pitali zasto crnogorac igra za Srbija i dali bi nastupio za Makedonija. On bi zeleo da nastupa samo za Srbiju.
      Pozdrav iz Makedonija

  2. Зошто го деактивирате фејсбук?

  3. Od kade i koga ke moze da se podigne maickata.?

    • Ако е возможно дојдете на утрешниот натпревар меѓу Металург и Тинекс Пролет. Средбата се игра во “Автокоманда“, со почеток во 18 часот. Обратете се во една од двете канцеларии над теренот.

Напишете коментар


8 + = 17