Топ Вести

Дебакл на екипите од групата “Б“ на Лигата на шампионите

27.04.2019 21:07
1780254_10152908930593666_1142589080112651628_o_resize-610x407

Одиграни се сите први четврт-финални натпревари во Лигата на шампионите, после кои Киелце, Вардар, Веспрем и Барселона се чини дека предвреме го обезбедија учеството на фајнал-форот во Келн.

Интересно е што сите екипи победници беа дел од групата “А“ од групната фаза на Лигата на шампионите, а тоа што запрепастува е дебаклот на екипите од групата “Б“, од кои најлесно мина Фленсбург, кој дома загуби со “само“ 6 голови разлика од екипата на Веспрем. Фленсбург загуби со -6, Нант со -7, Пик Сегед со -8, а ПСЖ со дури -10. Првите четврт-финални натпревари покажаа дека всушност во дуелите немаше борба, туку вистинска егзекуција на противниците од другата група. Ќе биде вистинско спортско чудо ако било која од поразените екипи успее да ја надмине негативата и да заигра во Келн.

Сето ова покажува дека натпреварувањето во групната фаза не било добро димензионирано, па ждрепката сиот квалитет го стави во групата “А“.

.

Резултати:

24.04.2019 г., 19.00 ч.:  ФленсбургВеспрем  22:28 (15:15)     реванш на 4 мај

24.04.2019 г., 20.45 ч.:  НантБарселона  25:32 (12:16)     реванш на 4 мај

25.04.2019 г., 20.00 ч.:  ВардарПик Сегед  31:23 (14:12)     реванш на 5 мај

27.04.2019 г., 18.00 ч.:  КиелцеПСЖ  34:24 (16:11)     реванш на 5 мај

Прочитано 1.217 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 6 = 13