Дебакл на македонската репрезентација

16.01.2021 20:28
139768323_3617392934975624_8640884011953216450_o

Македонската ракометна репрезентација доживеа вистински дебакл на натпреварот од второто коло на групната фаза на СП во Египет. Домаќинот на првенството не совлада со неверојатни 38:19 (20:6). Ова е највисок пораз на Македонија на светските првенства и втор највисок пораз на големите натпреварувања.

Иако беа самокритични и ветуваа поангажиран пристап, по поразот од Шведска, нашите репрезентативци денеска одиграа бескрвно и натпреварот го предадоа без борба. За разлика од средбата со Шведска, на која барем бевме рамноправни во првата четвртина, денеска Македонија во ниту еден момент не успеа да ги оспори бодовите. Од самиот почеток “Фараоните“ го диктираа темпото и многу брзо и лесно стекнаа разлика, која на полувреме стигна до +14, 20:6.

Иако во вториот дел Парондо ја стави во погон резервната постава на Египет, тоа не се одрази ниту на играта, ниту на резултатот. Највисокото водство на Египет изнесуваше 21 гол.

По две кола, Македонија има два порази и неверојатна негатива од дури 31 гол, незапамтена во ракометната историја на нашата земја.

Македонија в понеделник ќе го одигра последниот натпревар во групната фаза. Ќе се сретнеме со најслабиот противник во групата – Чиле, но ќе мораме комплетно да го смениме пристапот за да ја минеме барем таа пречка.

.

Египет – Македонија  38:19 (20:6)

Египет: Хендави (8 одбрани), Елтајар (7 одбрани), Омар 3, Моамен 2, Хешам 4, Елмасри, Навар 1, Елвакир 3, Ј.Елдера 2, Кадах 6, С.Елдера 1, Јусри, Елахмар 2, Мамдух 8, Зеин 1 и Санад 5.      Седмерци: 1/2.    Исклучувања: 4 минути.

Македонија: Томовски (8 одбрани), Митревски (1 одбрана), Велковски 2, Стоилов, Димитриоски 1, Лазаров 3, Кузманоски, Талески, Маркоски 3, Кузмановски 2, Костески 2, Танкоски 1, Поповски 1, Георгиевски 1, Пешевски 3 и Мишевски.      Седмерци: 1/1.     Исклучувања: 10 минути.     Црвен картон: Филип Кузмановски.

Судии: Шарлот и Џули Бонавентура од Франција.

Прочитано 180 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 3 =