ДЕБАКЛ НА МЛАДИНЦИТЕ НА ЗОМИМАК ВО АВТОКОМАНДА

11.10.2014 15:19
DSC_0160_resize

za tekst

Младинците на Металург денеска во Автокоманда ги декласираа врсниците од Зомимак, победувајки ги со резултат 32:19 (13:8).

Овој натпревар беше рамноправен само во воведните неколку минути, а потоа нашите младинци ја презедоа иницијативата и набрзо создадоа комотна разлика, која на полувреме изнесуваше + 5, 13:8.

Вториот дел помина во наша целосна доминација, а предноста на крајот од средбата достигна до + 13, 32:19.

Денеска најрасположен беше Шилегов, кој беше прецизен во десет наврати.

Металург – Зомимак  32:19 (13:8)

Металург: Алушовски, Петковски, Доневски 2, Стојковски 2, Здравковски 1, Смилевски 1, Стојменов 4, Шилегов 10, Лембанов 3, Танковски 2, Илиевски 1, Лазаровски, Беќаровски 1, Реџиќ, Шулевски и Димитриоски 5.    Седмерци: 3/4.        Исклучувања: 2 минути.

Зомимак: Ристов, Ѓ.Стојанов, Р.Стојанов 5, Иванов, Ангелов, Наков 3, Ал.Тасев 3, Мастев 2, Мицев 4, Божиновски, Танев, Терзиев 2, Ан.Тасев и Стојков.       Седмерци: 1/1.        Исклучувања: 8 минути.

Судии: Начевски Виктор и Божиновски Даниело од Скопје.

Делегат: Дишлиев Стојан од Скопје.

Прочитано 992 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − = 3