Дефанзивниот “џин“ Тео Чориќ е нов ракометар на Металург

08.02.2019 14:44
0000000000445668_resize

Хрватскиот пикер Тео Чориќ (27 г., 197 см., 120 кг) е нов ракометар на Металург.

Чориќ, кој во својата кариера настапувал за Замет, Пореч, Загреб и Штутгарт, последните две сезони ги мина во екипата на Рајн Викинг, член на втората Бундес лига.

Чориќ важи за одличен дефанзивен играч и ќе има голема улога во дефанзивната формација на Металург.

Договорот со Чориќ е потпишан со важност од 1,5 година, а на Металург тој ќе му се приклучи на 15 февруари.

Прочитано 732 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


5 − 1 =