Дејан Пецаковски се врати во Металург

19.07.2019 14:26
1

Левиот бек Дејан Пецаковски (33 г., 193 см., 98 кг.) во новата сезона одново ќе го облече сино-белиот дрес и ќе ги брани боите на Металург.

Иако потекнува од школата на Пелистер, Пецаковски по четврти пат ќе го носи дресот на Металург, откако претходно за нашиот клуб настапувал во сезоните 2005-06, 2007-08 и 2013-14. Освен за Металург, Пецаковски настапувал и за Пелистер, Вардар ПРО, Зомимак М, Клуб Африкан и за Еурофарм Работник, откаде и дојде повторно во Металург.

Металург и Пецаковски договорија соработка во траење од една година.

Пецаковски е седмото засилување на Металург за претстојната сезона, откако претходно за нас потпишаа и Лука Вујовиќ (пикер), Милан Поповиќ (лево крило Даниел), Равез Чантурија (десно крило), Маријан Мариќ (лев бек), Иракли Кбилашвили (централен бек) и Даниел Ѓоргески (голман).

Прочитано 131 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


6 − = 4