Денешни резултати од Лигата на шампионите

22.09.2018 22:19
27112016EHF-640x360_resize_resize

Денеска се одиграни дури седум средби од второто коло на Лигата на шампионите.

Денеска се одиграни две средби од групата “Ц“, во која се натпреварува Металург. Татран Прешов ја оствари и втората победа, откако денеска на домашен терен го совлада Силкеборг. Спортинг Лисабон, пак, оствари минимална гостинска победа против тимот на Чеховски Медведи, со гол во последна секунда.

Од натпреварите во другите групи, за одбележување е вториот пораз на европскиот шампион Монпелје, кој загуби во Брест и покажа дека не е во најдобра форма. Очекувани победи остварија Вардар против Кристијанштад и Адемар Леон против Динамо Букурешт. Во двете дерби средби на колото, Барселона дома го совлада Веспрем, а Киелце пред своите навивачи славеше против Р.Н.Левен.

.

Резултати:

22.09.2018 г., 17.00 ч.:  Татран Прешов – Силкеборг  (Ц)   26:24 (12:12)

22.09.2018 г., 17.30 ч.:  Вардар – Кристијанштад  (А)   33:25 (19:10)

22.09.2018 г., 16.00 ч.:  Чеховски Медведи – Спортинг Лисабон  (Ц)   22:23 (14:10)

22.09.2018 г., 18.00 ч.:  Киелце – Р.Н.Левен  (А)   35:32 (17:17)

22.09.2018 г., 18.00 ч.:  Барселона – Веспрем  (А)   31:28 (17:14)

22.09.2018 г., 19.30 ч.:  Мешков Брест – Монпелје  (А)   26:23 (13:10)

22.09.2018 г., 19.30 ч.:  Адемар Леон – Динамо Букурешт  (Д)   31:28 (12:14)

.

Утре играат:

23.09.2018 г., 16.50 ч.:  Скјерн – Мотор Запорожје  (Б)

23.09.2018 г., 17.00 ч.:  ПСЖ – Цеље ПЛ  (Б)

23.09.2018 г., 17.00 ч.:  Металург – Бешикташ  (Ц)

23.09.2018 г., 18.10 ч.:  Елверум – Висла Плоцк  (Д)

23.09.2018 г., 19.00 ч.:  Пик Сегед – Нант  (Б)

Прочитано 399 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + 6 =