- МЕТАЛУРГ УБЕДЛИВ ПРОТИВ ПАРТИЗАНОбјавено пред 4 months
- ИРАКЛИ КБИЛАШВИЛИ Е ИЗБРАН ЗА МВП НА ТУРНИРОТ ВО КАЊИЖАОбјавено пред 4 months
Денешни резултати во Лигата на шампионите

Денеска се одиграни осум средби во рамките на шестото коло на групната фаза на Лигата на шампионите.
Вардар без поголеми проблеми го совлада тимот на Мешков Брест, додека Нант се помачи за да дојде до победа против упорниот ППД Загреб. Својот прв бод го освои актуелниот првак на Лигата на шампионите – Монпелје, кој одигра нерешено со екипата на Кристијанштад, за која овој бод е исто така прв. Уште еден мачен натпревар за Веспрем, кој дома загуби од Р.Н.Левен. Во нашата група “Ц“, изненадувачка гостинска победа на Татран Прешов против тимот на Спортинг, додека во групата “Д“ Адемар Леон го совлада тимот на Вакер Тун, Елверум на гости го победи Кокс, а Висла Плоцк беше подобра од екипата на Динамо Букурешт.
.
Резултати:
03.11.2018 г., 16.00 ч..: Кокс – Елверум (Д) 25:28 (12:15)
03.11.2018 г., 17.30 ч..: Веспрем – Р.Н.Левен (А) 28:29 (12:15)
03.11.2018 г., 17.30 ч..: Вардар – Мешков Брест (А) 30:23 (14:14)
03.11.2018 г., 17.30 ч..: Нант – ППД Загреб (Б) 23:20 (10:11)
03.11.2018 г., 18.00 ч..: Висла Плоцк – Динамо Букурешт (Д) 29:28 (14:12)
03.11.2018 г., 18.30 ч..: Спортинг – Татран Прешов (Ц) 26:28 (11:14)
03.11.2018 г., 19.30 ч..: Кристијанштад – Монпелје (А) 29:29 (12:17)
03.11.2018 г., 20.00 ч..: Адемар Леон – Вакер Тун (Д) 24:21 (14:12)
.
Утре играат:
04.11.2018 г., 15.10 ч..: Силкеборг – Бешикташ (Ц)
04.11.2018 г., 17.00 ч..: Металург – Чеховски Медведи (Ц)
04.11.2018 г., 17.00 ч..: Цеље ПЛ – Мотор Запорожје (Б)
04.11.2018 г., 17.00 ч..: ПСЖ – Пик Сегед (Б)
04.11.2018 г., 18.15 ч..: Фленсбург – Скјерн (Б)
04.11.2018 г., 19.00 ч..: Барселона – Киелце (А)