Денешни резултати во Лигата на шампионите

24.11.2018 22:44
1780254_10152908930593666_1142589080112651628_o_resize

Денеска се одиграни дури осум натпревари од деветтото коло на групната фаза на Лигата на шампионите.

Во нашата група “Ц“ одиграни се сите три средби. Металург загуби од Силкеборг, Спортинг го совлада Бешикташ, а најголемото изненадување се случи во Чехово, каде Чеховски Медведи го декласираа тимот на Татран Прешов и најверојатно го елиминираа од борбата за првите две позиции во групата, кои водат во плеј-оф.

Во останатите групи, Вардар освои само бод во Брест, за разлика од Барселона, која, во натпревар со 78 постигнати голови, славеше на жешкиот терен во Киелце. Пик Сегед му го нанесе првиот пораз на супертимот на ПСЖ и освои нови два бода, а ППД Загреб дома одигра нерешено со Нант. Висла Плоцк, пак, го совлада тимот на Адемар Леон.

.

Резултати:

16.00 ч.:  Висла Плоцк – Адемар Леон  (Д)   25:23 (9:10)

16.00 ч.:  Чеховски Медведи – Татран Прешов  (Ц)   38:26 (19:13)

17.00 ч.:  Мешков Брест – Вардар  (А)   31:31 (14:13)

17.30 ч.:  Пик Сегед – ПСЖ  (Б)   33:32 (16:14)

17.30 ч.:  Металург – Силкеборг  (Ц)   29:33 (12:15)

18.00 ч.:  Киелце – Барселона  (А)   36:42 (15:18)

18.30 ч.:  Спортинг Лисабон – Бешикташ  (Ц)   34:28 (20:16)

19.15 ч.:  ППД Загреб – Нант  (Б)   27:27 (12:12)

.

Претходно беа одиграни следните средби:

21.11.2018 г., 19.00 ч.:  Р.Н.Левен – Веспрем  (А)   25:29 (13:14)

21.11.2018 г., 19.30 ч.:  Динамо Букурешт – Кокс  (Ц)   24:22 (13:12)

.

Утре играат:

16.50 ч.:  Скјерн – Фленсбург  (Б)

17.00 ч.:  Монпелје – Кристијанштад  (А)

18.00 ч.:  Мотор Запорожје – Цеље ПЛ  (Б)

18.10 ч.:  Елверум – Вакер Тун  (Д)

Прочитано 197 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


7 − 6 =