Денешни резултати во Лигата на шампионите

13.09.2018 00:20
1780254_10152908930593666_1142589080112651628_o_resize

Денеска се одиграни првите четири средби од новата сезона на Лигата на шампионите. Екипата на Р.Н.Левен уште во првото коло му нанесе пораз на тимот на Барселона. Поранешниот ракометар на Металург во составот на Левен, Филип Талески, на оваа средба не се запиша во листата на стрелците. Својот прв натпревар во Лигата на шампионите, надвор од Металург, го одигра и Жарко Пешевски во составот на тимот на Мотор Запорожје. Пешевски постигна три гола од три обиди, но неговиот тим сепак е поразен од ПСЖ на Раул Гонзалез и тоа на домашен терен. Големо изненадување се случи во Финска, каде Рихимаен Кокс му одзеде бод на Адемар Леон. Во четвртиот натпревар, тимот на Динамо Букурешт го искористи домашниот паркет и извојува победа против екипата на Елверум.

.

Рихимаен Кокс – Адемар Леон  (Д)   19:19 (13:11)

Мотор Запорожје – ПСЖ  (Б)   29:35 (12:17)

Динамо Букурешт – Елверум  (Д)   26:24 (12:11)

Р.Н.Левен – Барселона  (А)   35:34 (16:13)

.

Металург својот натпревар ќе го одигра в сабота, а во рамките на првото коло и гостува на екипата на Спортинг Лисабон.

До крајот на првото коло преостануваат следните натпревари:

15.09.2018 г.,17.30 ч.:   Монпелје – Вардар  (А)

15.09.2018 г.,17.30 ч.:   Бешикташ – Татран Прешов  (Ц)

15.09.2018 г.,18.00 ч.:   Веспрем – Киелце  (А)

15.09.2018 г.,18.30 ч.:   Спортинг – Металург  (Ц)

15.09.2018 г.,19.30 ч.:   Кристијанштад – Брест Мешков  (А)

16.09.2018 г.,15.10 ч.:   Бјерингбро – Чеховски Медведи  (Ц)

16.09.2018 г.,17.00 ч.:   Цеље ПЛ – Скјерн   (Б)

16.09.2018 г.,19.00 ч.:   Висла Плоцк – Вакер Тун  (Д)

16.09.2018 г.,19.00 ч.:   Нант – Фленсбург  (Ц)

16.09.2018 г.,20.00 ч.:   ППД Загреб – Пик Сегед  (Б)

Прочитано 594 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 + 1 =