Денеска се игра комплетното 3. коло на СП во Германија и во Данска. Распоред

14.01.2019 11:49
imago35093369h-logo

Откако Македонија ги апсолвира противниците од Азија, во наредните три кола ја чекаат многу посериозни противници – три репрезентации од Европа. Веќе денеска, со почеток во 18 часот, ќе се соочиме со првата од нив – селекцијата на Хрватска. За разлика од нас, Исланд го помина потешкиот дел, па во наредните две кола ќе собира бодови против Бахреин и со Јапонија. Имено Исланд, со кого се среќаваме во последното коло, е и нашиот најголем конкурент за третото место кое води во наредната фаза, ако ја признаеме реалноста дека Хрватска и Шпанија имаат поголем ракометен квалитет од Македонија, иако и тоа не значи дека нашите репрезентативци однапред ќе им се предадат на овие две селекции.

.

Распоред:

Група “А“:

14 јануари, 15.30 часот:   Србија – Бразил

14 јануари, 18.00 часот:   Русија – Германија

14 јануари, 20.30 часот:   Франција – Кореја

Група “Б“:

14 јануари, 15.30 часот:   Исланд – Бахреин

14 јануари, 18.00 часот:   Хрватска – Македонија

14 јануари, 20.30 часот:   Шпанија – Јапонија

Група “Ц“:

14 јануари, 15.00 часот:   Тунис – Чиле

14 јануари, 17.30 часот:   Норвешка – Австрија

14 јануари, 20.15 часот:   Данска – Саудиска Арабија

Група “Д“:

14 јануари, 15.30 часот:   Унгарија – Катар

14 јануари, 18.00 часот:   Аргентина – Египет

14 јануари, 20.30 часот:   Шведска – Ангола

Прочитано 152 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


− 4 = 2