Топ Вести

Денеска се игра комплетното последно коло во двете главни групи. За шест селекции првенството ќе заврши

24.01.2018 11:46
maxresdefault

На ЕП во Хрватска денеска се играат дури шест средби, со кои завршува главната фаза во групите 1 и 2. Овие средби ќе ги дадат преостанатите две селекции, кои, покрај Франција и Данска, ќе настапат во полуфиналето, како и двете селекции кои ќе се борат за пласман на петтото место. Преостанатите шест селекции ќе ги добијат своите конечни пласмани според вкупните досегашни резултати и за нив денеска првенството ќе заврши.

.

Денешна програма на ЕП во Хрватска:

Група 1:

16.00 часот:  Србија – Белорусија

18.15 часот:  Шведска – Норвешка

20.30 часот:  Хрватска – Франција

Група 2:

16.00 часот:  Словенија – Чешка

18.15 часот:  Македонија – Данска

20.30 часот:  Германија – Шпанија

Прочитано 359 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


+ 2 = 11