Денеска завршува француската турнеја на Металург

24.01.2019 13:31
DQvUMm7H0OUJtAJngp2LFUNgpCmzNyplAhv0J3WKNx6dOEmA8SOCyddoF4tr3oioQHPkORH1FZvYD8Onsx316Uyrgfo8Q4lchafQOnOw_6M_resize

Металург денеска ги завршува напорните подготовкит во Франција. Во текот на седумдневната турнеја нашите ракометари веќе одиграа четири натпревари со силни екипи од Франција и од Шпанија.

Главна цел на тренерот Брестовац на овие подготовки е воигрување на екипата пред најважниот дел од тековната сезона – завршницата во СЕХА-лигата, националното првенство и националниот Куп.

Ако првите две средби на турнирот “Мастерс Гренобл“, кој Металург го освои како прв странска екипа во историјата на турнирот, беа важни од резултатски аспект, следните три пријателски средби му дадоа можност на Брестовац да се посвети на тактиката и воигрувањето, со што целата турнеја доби комплетен изглед, како што тоа го замислуваа управата на клубот и тренерот Брестовац.

Турнејата завршува денеска во Ст. Рафаел, каде, со почеток во 17.30 часот, ќе го одиграме последниот пријателски натпревар со истоимената екипа, која е моментално шестопласирана во актуелното првенство на Франција.

Прочитано 130 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − = 7