ДЕРБИТО НА КОЛОТО БЕЗ ПОБЕДНИК

23.05.2012 14:51
logo_slika_zdravje-610x74

Вистинско дерби е одиграно помеѓу досега непоразените екипи на Нова Македонија и Дуферко. Натпревар во кој двете екипи ја посакуваа победата и жестоко се бореа за секој гол. Сепак, очигледно е дека се работи за израмнет квалитет кај двете екипи што резултираше со реми, како на полувремето така и на крајот. Оваа поделба на бодовите ја искористи екипата на Бетон која им се доближи на двете водечки екипи на растојание од само еден бод.

Нова Македонија – Дуферко  4:4  (2:2)

Нова Македонија: Т.Стојановски, Петрески, Краљевски, Николовски, Стојковски, Босилковски, В.Тодоров, Атанасовски, И.Тодоров и Н.Стојановски.     Тренер: Горан Стојков.

Дуферко: Поповски, Налетовски, Геговски, Велевски, Томчевски, Силјановски, Савиќ, Велјановски, В.Стојковски и Б.Стојковски.      Тренер: Слободан Чивлачки.

Делегат: Капсарева Михаела.

Лекар: Александра Стојановска.

Прочитано 125 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


8 − 2 =