Дербито во плеј-офот на на Првата лига и припадна на екипата на Работнички

29.03.2019 17:45
DSC0058_resize1

Во петтото коло од плеј-офот на Првата лига, екипата на Металург 2 е поразена на гостувањето кај тимот на Работнички, кој е еден од главните фаворити за пласман во македонската Суперлига. Овој натпревар се сметаше за наше најтешко гостување во текот на плеј-офот, а поразот дојде по голема борба.

Работнички ја заслужи победата на овој натпревар, бидејќи водеше во текот на целата средба. Металург 2 имаше лош почеток и му дозволи на домашниот состав од самиот почеток да има комотна предност од четири гола, 5:1. Оваа разлика се задржа до пред самиот крај на првото полувреме, кога Металург направи дополнителен напор и успеа да ја преполови предноста на противникот на подносливи 16:14.

На почетокот на второто полувреме Металург успеа да се доближи на само еден гол негатива, 17:16, 18:17 и 19:18, но потоа следуваше нова серија на грешки на нашите ракометари, што Работнички го искористи и повторно ја врати високата предност. Конечниот резултат од овој натпревар е 34:30.

Во следното коло Металург 2 и гостува на последнопласираната екипа на Тиквеш и тоа е добра прилика повторно да им се вратиме на победите во плеј-офот.

.

РК Работнички – РК Металург 2  34:30 (16:14)

РК Работнички: Куртановиќ, Игнов, Кочаов, Атанасовски 4, Милошески 8, Стефаноски, Димитров 5, Љубевски, Кумогоротски 3, Полиак 8, Ѓоргиески. Виларов, Благопетров, Палевски 6 и Мишоски.    Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 14 минути.

РК Металург 2: Божиновски, Василевски, Мијатовиќ, Михајлов 3, Кондев 4, Кофилоски, Гошевски, Митиќ 2, Ристовски, Серафимов 12, Л.Додиќ, Гогов, Прцуловски, Младеновиќ 6, С.Додиќ 2 и Гајиќ 1.   Седмерци: 1/2.   Исклучувања: 8 минути.

Судии: Металари Исмаил и Николовски Ненад од Скопје.

Делегат: Камишевски Душко од Скопје

Прочитано 323 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


4 + = 5