Десет “црни“ минути доволни за нов пораз на Металург

30.09.2018 20:22
GIL_2254_resize

Металург уште еднаш е поразен во Лигата на шампионите, откако денеска не успеа во дуелот од третото коло против екипата на Татран Прешов.

Металург беше рамноправен, а на моменти и подобар, во текот на цели 40 минути, но десетте “црни“ минути во второто полувреме повторно беа кобни за нашиот тим, кој во тој период направи неколку кардинални технички грешки, промаши од неколку чисти, зицер, ситуации, што противникот го искористи и создаде предност од 6 гола, недостижни до крајот на средбата.

Металург лошо го почна натпреварот и дозволи гостинските ракометари да поведат со дури 4:0. Но, кризата траеше само пет минути, а потоа Металург постигна пет едноподруго голови и поведе со 5:4. До крајот на првото полувреме се играше максимално рамноправно, но Металург беше тимот кој имаше минимална предност. Резултатот се сврте во последните три минути во кои Татран обезбеди гол предност со кој екипите заминаа на одмор.

Второто полувреме почна со мирна игра. Металург брзо израмни, а потоа и поведе и така беше се до 40. минута кога нашиот тим влезе во голема криза од која не успеа да излезе. Татран Прешов ги искористи сите грешки на Металург и брзо создаде предност која на крајот му донесе убедлива победа.

Металург загуби уште една средба, но и денеска покажа дека во подолг период може рамноправно да се носи и со најдобрите.

.

Металург – Татран Прешов  24:29 (12:13)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.    Гледачи: 500.

Металург: Томовски (11 одб.), Даниловски, Јагуриновски, Јагањац 5/11, Лазаревски 1/1, Димитриоски 1/2, Токиќ 3/4, Шилегов 0/1, Танкоски 5/9, Серафимов 5/5, Младеновиќ 0/1, Велковски 1/4, Миличевиќ 2/4, Додиќ, Маџовски, Арсеновски 1/1.   Седмерци: 5/6, Исклучувања: 4 мин.

Татран Прешов: Чуприна 1/1 (10 одб., 1 сед.), Цвитковиќ, Рабек 3/6, Хрстка 3/3, Лапајне 4/7, Рецичар, Урбан 2/3, Чип 2/3, Страновски 4/4, Буторац 2/5, Касал, Царапкин 1/2, Афаноу 1/3, Бабиќ 6/8.   Седмерци: 3/3, Исклучувања: 12 мин.

Судии: Јан Ерик Леандерсон и Микаел Линдрос од Финска.

Делегат: Небојша Вујисиќ од Црна Гора.

 

Прочитано 156 пати

(0) Коментари

Напишете коментар


2 + = 9